Ѓоковиќ конечно откри зошто не јаде месо

ИЗВОРСкопје24
|

Српскиот тенисер изјави дека трпеше критики поради новиот начин на исхрана и дека многу се сомневаа во него дури и најблиските луѓе

Новак Ѓоковиќ по победата над Јошихито Нишиока обезбеди пласман во четвртото коло каде го очекува Аргентинецот Шварцман. Тој е задоволен бидејќи сервисот одлично го служеше, а на прес конференцијата по победата зборуваше и за својот начин на исхрана и на живот.

Ѓоковиќ пред новинарите открива зашто во последните четири години на вегетаријанска исхрана, а исто така откри дека неговите најблиски се сомневаа дека со таква исхрана ќе успее да игра на највисоко ниво.

– Среќен сум што сум на оваа исхрана и што можам да игра на ова ниво во последните четири и пол години. На почетокот имаше многу критики, луѓето околу мене не веруваа дека можам да го направам тоа, се сомневаа, но поминав низ неколку фази за да се привикнам на новиот стил на живот.

Тоа не е само диета, има и етички причини поради кои се одлучив на овој чекор. Пред се поради животните, ко*ењето на животните но и тоа што им се случува на фармите. Ова е нешто на што сум посебно горд и се надевам дека ќе инспирирам и останати спортисти да се префрлат на овој вид на исхрана (вегетаријанска) и да знаат дека можат добро да се опорават, да имаат мускули и сила. Јас не сум кревач на тегови, но имам идеален баланс на брзина, сила и моќ. Мислам дека ништо не ми недостасува и ќе продолжам да уживам во ова – изјави Ѓоковиќ.