Ѓоковиќ: Нема да заборавам што ми направија во Австралија

|

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вели дека минатата година во Австралија бил претставен како најголемиот злосторник во светот и дека сè уште не може да закрепне од тоа што му се случи во оваа земја.

Вели дека му е тешко да го заборави тоа што му се случи кон крајот на 2021 година и почетокот на 2022 година, кога по две недели престој по затвори и притвори во Австралија беше депортиран од државата.

„Се надевам дека ќе ја освојам десеттата титула на Австралија опен, но уште немам заборавено што ми се случи минатата година. Бев вовлечен во медиумска бура во чиј епицентар беа сите настани поврзани со коро навир усот и вакц ините. Одеднаш станав најголемиот негативец, а тоа е тешка позиција кога сте спортист“, изјави тенисерот за австралиските медиуми.

Опиша и дека по враќањето во Србија со недели не излегол од дома.

На крајот додаде дека медиумите во Австралија сосема погрешно ја претставиле целата приказна, па затоа ја сфаќа фрустрацијата на Австралијците.

„Сакав да останам и да играм тенис, но работата излезе од контрола и повеќе не можев да издржам. Најмногу ме боли тоа што луѓето имаа погрешна идеја за тоа што се случи. Со месеци пишуваа негативно за мене и ми создадоа многу проблеми во животот, како на мене, така и на блиските околу мене“, вели тенисерот.