Ѓоковиќ повторно на „полнење батерии“ кај Босанските „пирамиди“

|

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ по поразот на US опен реши да се одмори и да ги наполни батериите во Високо, Босна и Херцеговина, на гости кај Семир Османагиќ, контроверзниот промотер на идејата за пирамидите во БиХ.

Ѓоковиќ пристигнал во Босна и Херцеговина вчера и веднаш заминал во Високо, каде што бил пречекан од основачот на археолошкиот парк „Босанска пирамида на сонцето“, Османагиќ, кој на социјалните мрежи се пофали со дружбата.

„До Јелена од Новак и Семир. Со љубов од Високо“, стои во пораката со љубов до сопругата на Ѓоковиќ на социјалните мрежи, која за жал овој пат не била во можност да дојде заедно со тенисерот.

Пирамидата Сонце во Високо е стара 29.000 години, и со тоа е најстарата пирамида во светот, покажуваат најновите истражувања. Ова го потврди основачот на Фондацијата „Археолошки парк”, Семир Османагиќ.

После радиокарбонското датирање на примерокот пронајден под бетонските блокови на пирамидата, утврдено е дека станува збор за старост од 29.000 години, плус-минус 400 години. Потврдено е дека ова е најстарата пирамида во светот – рекол тој. Во текот на оваа археолошка сезона, како што рекол, пронајден е и досега најголемиот мегалит во подземниот тунел, мегалитот К-5, кој има маса од околу 40 тони.

Истражувачите кои правеле анализи утврдиле дека тие се стари скоро 30.000 години. Големата Пирамида на Египет е 80 метри, а помалата Босанка е крстена по сонцето е висока 220 метри. Ориентирани се на север како египетските. Просторот е отворен и слободен за посети. По извршената анализа на електромагнетни зраци, откриено е дека врвот на пирамидата има посебна фрекфенција. На зракот му се зголемува силата со оддалечување од пирамидата. Истражувањата откриле дека се градени со регуларни блокови. Истрагите покажуваат дека постојат подземни конструкции, простории и езера под пирамидите со лекувачка моќ поради големото ниво на јонизација.

Некои сметаат дека до сончевата пирамида има тунел кој води од градот Високо. Никој не го потврдил тоа, иако има знаци за потенцијални отвори на неколку места во градот. Низ тунелите се влегува со шлемови, кои ги подаваат истражувачката екипа во близина. Влага и темнина владее во ходниците. Се претпоставува дека од нивното окно се стасува до врвот, а еден дел води во дното каде има простории со моќна вода. Велат дека било пронајдена плочка со клинесто писмо, која датира од пред неколку милениуми. Во внатрешноста имало и карпа со релјеф која претставувал карта, патоказ на ходниците.