Ѓоковиќ победи во 2. коло од УС ОПЕН – но ги загрижи своите навивачи

ИЗВОРСкопје24
|

Новак Ѓоковиќ победи во 2. коло од УС ОПЕН, против Аргентинецот Хуан Игнасио Лондер 6:4, 7:6 (7:3), 6:1, но тој ги загрижи навивачите.

За време на овој меч, тој два пати бараше медицински тајм аут и масажи. Во следната рунда Новак Ѓоковиќ ќе мора да удри на подобриот од мечот Кудла (Америка) – Лајовиќ (Србија).

Победата во 2. коло беше повеќе од рутинска, но неговото славје е резервирано, пред се веројатно поради тоа што не е целосно фит и што стравува од можна повреда.

Тој има големи болки во лактот, по што се враќаше повторно на терен, а навивачите стискаат палци ова да не му се повтори се до финалето, кога ќе освои нова титула.