Ѓоковиќ тренира како Спартанец и турка автомобил во Црна Гора(ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Иако сигурно нема да може да се натпреварува на УС Опен, како и на други турнири во САД, најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ наоѓа начини да тренира напорно дури и за време на одморот.

Новак моментално одмара во Црна Гора, по посетата на Хрватска и Босна и Херцеговина, а на социјалните мрежи се појави снимка од него како турка автомобил.

Во позадина се слушаа гласовите на толпата кои го бодреа, додека самиот Ѓоквоиќ испушти татнеж од воодушевување кога стигна до целта.