ГЛЕДАЈТЕ ВО ЖИВО: Лудница во Загреб, се чекаат фудбалските херои

loading...

Околу 15 часот се очекува слетување на авионот во кои се играчите на „коцкестите“, а уште пред пладне плоштадот во главниот град е преполн со луѓе

Хрватската фудбалска федерација е на пат кон дома, по остварениот најголем фудбалски успех, освојувањето на второто место на Светското првенство во Русија. „Коцкестите“ во финалето на Мундијалот загубија од Франција со 2:4, но и покрај тоа што не се шампиони, сребрените медали за нив имаат златен сјај.

Во Загреб владее еуфорија и илјадници навивачи излегоа за да ги пречекаат фудбалските херои. Според протоколот, фудбалерите би требало да се појават на Трг Бан Јелачиќ околу 16 часот, но во зентарот на градот уште сега е преполно.

Народ има и на аеродромот и долж по целиот пат кој треба да го помине автобусот со фудбалерите.

Дочекот на хрватските фудбалери во загреб во живо може да го следите тука.