Голем број на граѓани кои не се задоволни од работата и финансиите на Балканот, среќата ја бараат во некоја од помоќните европски земји, а најчеста дестинација е Германија кој нуди многу можности за заработка и има потреба од работна сила. За истата работа која ја работиме овде, во Германија можат да заработат и до 10 пати повеќе.
Една од помалку познатите работни позиции таму е берењето на аспарагус со која можете да заработите солидно, затоа што дневницата е 150 евра (околу 9.000 денари), но работата е напорна и работниот ден трае од осум до 10 часа со една пауза. Во недела не се работи.
Во секторот земјоделство се работи напорно и за плата од 8,5 евра по час бруто, што за поголемиот дел Германци е многу ниска плата, така што тие се незаинтересирани за така напорна, а слабо платена работа. Тука настапуваат Балканците.
Од делот на овој износ се одбива данок, но сезонските работници тој платен данок можат да го добијат назад, ако поднесат барање на крајот од даночната година. Мислењата на интернет форумите се поделени – од воодушевување од брзата заработка, до разочарување од високите цени, посебно на цигарите и другите луксузни артикли.
Како недостатоци, најчесто се наведуваат тоа што се работи „по цел ден“ (не е прецизирано), што смештајот е во работни бараки и што обилен оброк чини по 10 евра на ден, но затоа наведуваат дека паузата за ручек трае еден час.