Го препознавате ли ова прекрасно девојченце? – Денеска е позната јавна личност (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Таа денеска е прекрасна жена со стил која гледачите многу често ја гледаат на ТВ екраните. Особено е активна на социјалните мрежи, борец е за женските права и често своите ставови за проблемите во општеството ги изнесува јавно на социјалните мрежи.

Бидејќи е долго време на јавната сцена во Македонија, до сега можевме да ја видиме во најразлични изданија, со сосема поинакви стилови на облекување или фризура, но секогаш оригинална и во секој од нив изгледала одлично. Сега на своите фанови сакаше да им покаже како изгледала таа во далечната 1989 година, кога била мало бебенце. Обидете се да погодите за кого станува збор а доколку не успеете прочитајте подолу.

Станува збор за водителката на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ – Миа Костова. Миа одлучи да ги изненади фановите со оваа прекрасна ретро фотографија. Се гледа дека и тогаш била прекрасно бебенце.