Го прослави 25тиот роденден: Кој сѐ запеа на роденденот на Александра Пријовиќ?

ИЗВОРСкопје24
|

Младата музичка српска sвезда Александра Пријовиќ синоќа го прослави својот 25-ти роденден, а многу гости на прославата запееја на микрофонот.

Покрај славеничката, која исто така пееше, атмосферата ја вжештија Анастасија Ражнатовиќ, Ацо Пејовиќ, но и Виктор Живојиновиќ.

Деверот на Александра ги покажа своите пејачки способности, а како беше на прославата можете да видите на видеото овде.

Пејачката со своите фановит сподели и што добила од сопругот и блиските пријатели.

Имено таа на Инстаграм сподели фотографии од големи букети цвеќиња, а за српските медиуми откри и дека штом се разбудила прв и го честитал роденденот нејзиниот сопруг Филип, а потоа и свекрвата Лепа Брена.

Брена преку фотографија на Инстаграм и порача секогаш да биде храбра и секогаш да ја прати љубовта и поддршката.

Инаку еден од букетите кои ја пречекале на масата таа открива дека и е од сопругот.