Го родила на 17 години па го оставила во дом за деца без родители: Ова е Игор, синот на Ана Бекута (фото)

loading...

Пејачката Ана Бекута својот наследник Игор го родила како гимназијалка на 17 години.

Ана рано станала мајка, многу млада поминала низ тешки моменти во животот, но за среќа брзо успеала да се поврати, и на својот син да му обезбеди квалитетно детство и нормален живот.

Пејачката синот го родила во вонбрачна заедница. Била одделена од своето бебе, а околината ја осудувала. И нејзините родители се нашло на столб на срамот, селото ги озборувало, што неа посебно ја болело. Сметала дека тие не са за ништо криви. Ана Бекута синот Игор Полиќ по раѓање го оставила во дом за незгрижени деца, а и денес и тешко да се навраќа на ова трауматично искуство.

Како што Ана во една прилика истакнала раѓањето на Игор ја забрзало нејзината одлука да се занимава со музика.

-На седумнаесет години имав здрава и зрела одлука да родам дете, што год и да се случи на овој свет. Бев малолетна, односите во семејството, селото, не беа добри. За да се состојбата се смири го дадов Игор во дом. Тој остана таму осум и пол месеци, јас доаѓав на секој десет дена да го видам и се враќав. Кога сега зборувам за тоа, како да зборувам за некој друг“, раскажува Ана и продолжува:„Дури кога се среди состојбата во семејството, кога на мое инсистирање родителите конечно прифатија да дојдам со Игор дома, го донесов. Беше мај, а јас го прескокнав тинејџерскиот живот и станав мајка која менува плени. Игор беше плод на една врска во која и двајцата бевме незрели и таа врска не резултираше во брак. Гимназијата ја напуштив по втора година, а раѓањето на Игор ја забрза мојата одлука да се занимавам со музиката“.

Денес тие двајца имаат одличен однос, а Игор редовно ја поддржува мака му на концерти и настапи. Ана силно е поврзана со внуците, децата на Игор Соња и Бранко, кои ја поддржуваат нивната баба во се.

https://www.instagram.com/anabekuta1/?utm_source=ig_embed

A post shared by Igor (@igor.polic) on

https://www.instagram.com/igor.polic/?utm_source=ig_embed