Кон крајот на деведесеттите и почетокот на 2000-тите, поп музиката во Србија цветаше, а меѓу многуте нови имиња беше и Светлана Цеца Славковиќ.
Имено, Цеца во тој период сними многу хитови и освои награди на бројни фестивали низ регионот.
За нејзиниот приватен живот не се знаеше многу, освен што своевремено беше во врска со Жељко Јоксимовиќ. Сепак, нејзиното ненадејно заминување од естрадата изненади многумина.
„Ако сакате да знаете што беше последното нешто што го очекував во мојот живот, тоа секако е медиумско внимание и поп експонирање“. Ако прашувате дали уживав да бидам редовно во медиумите – не. Дали сакам да се вратам на поп музиката – не сакам; дали ќе се вратам еден ден – кој знае. Би рекла дека не треба да го правам тоа на оваа возраст. Она што ми недостига се многуте прекрасни луѓе што ги запознав за време на мојот живот како јавна личност. Ги гледам и денес, но не пред камера, туку зад камера“, ја објасни тогаш својата одлука за медиумите Цеца.
Таа денес се занимава со вокална продукција и работи во музички студија заедно со пејачи, а не е особено активна на своите профили на социјалните мрежи.
„Цеца работи во студио. Таа сè уште сака музика, тоа е нејзиниот живот. Таа се занимава со продукција, можете да ја видите во студио со Марк Кон како продуцира во три, четири часот наутро. Има убав приватен живот, среќна е. Никогаш не изгледала подобро. Едноставно не сака повеќе да се експонира, се гади од поп музиката“, изјави нејзината блиска пријателка и колешка Маја Николиќ во емисијата „Премиер-Викенд Специјал“.