Го штитат црниот дроб и го забрзуваат метаболизмот: Киселите краставички се моќни чувари на здравјето

ИЗВОРСкопје24
|

Не постојат многу луѓе што не обожаваат кисели краставички, па затоа тие редовно се наоѓаат на нашето мени.

Киселите краставички содржат голема количина на вода, протеини, многу малку маснотии и многу прехранбени влакна.

Покрај тоа, тие се богат извор на минерали, како што се калиум, натриум и фосфор. Содржат и витамини, како витамин Ц, А, Б-6, Б-12, рибофлавин, нијацин и тијамин.

Во продолжение, прочитајте кои се здравствените придобивки на киселите краставички:

– Тие се силен антиоксиданс. Го штитат телото од слободните радикали, нестабилните хемикалии што ги оштетуваат клетките во нашиот организам.
– Тие се одлични пробиотици. Ја балансираат дигестијата и го забрзуваат создавањето добри бактерии кои се клучни за здравата дигестија.
– Го штитат црниот дроб. Освен што ја подобруваат дигестијата, киселите краставички го штитат и црниот дроб и му помагаат да ги филтрира токсините од организмот.


– Ја спречуваат појавата на чир на желудник. Чирот е внатрешна рана на желудникот, односно оштетување на мембраната предизвикано од киселини. Киселите краставички го штитат желудникот и го спречуваат настанувањето на чирови.
– Помагаат за дијабетес. Едно истражување покажало дека киселите краставички ја стабилизираат количината на хемоглобин – протеините во црвените крвни зрнца кои пренесуваат кислород. Киселоста на краставичките помагаат за контрола на дијабетесот.