Го заборавивте ручекот на шпорет и тенџерето ви загори – Што сега ?

ИЗВОРСкопје24
|

Доаѓа време за ручек, па веројатно во секое домаќинство на шпоретот е ставено јадењето да се готви, но знаеме како е кога уморни ќе дојдете од работа, па додека ручекот се готви во тенџерето или тавата, го користите времето да одморите малку или да го средите домот.

Иако сте свесни за времето кое поминува, честопати се случува јадењето да го заборавите, па да го оставите малку подолго да се готви при што тоа ќе ви загори, а садовите за готвење ќе станат црни, загорени и замастени.

Без паника, има решение !Ако тенџерето ви загорело додека ја спремавте храната, на храната веројатно и нема спас и морате да ја фрлите. Но тенџерето веројатно може „на поправка“.

Исечкајте малку кромид на загореното тенџере, ставите малку вода и полека загревајте. Ќе видите дека после извесно време загореното дно ќе исчезне и ќе се врати во нормална состојба.

Внимание, пред готвење, а ни во текот на готвењето немојте да се обидете да го тргнете загореното дно, затоа што само така ќе оштетите садовите!