Го заинтригира регионот – зошто Ѓоковиќ се шеташе бос на температура од 3 степени

ИЗВОРСкопје24
|

Еден од најдобрите тенисери во светот, Новак Ѓоковиќ пред неколку дена по поразот во финалето Ролан Гарос, на изненадување на многумина, со сопругата Јелена отиде во Босна и Херцеговина.

Српскиот ас беше во Сисоко, а негов домаќин беше консроверзниот археолог Семир Османагиќ, основач на фондацијата „Археолошки парк: Босанска пирамида на сонцето“.

Новак, целиот ден вчера го помина во обиколка на археолошкиот парк, а оваа вест беше хит во сите екс југословенски држави.

Во вечерните часови, кога температурата се спуштила на 3 степени Целзиусови, Новак бил фотографиран како шета бос.

Оваа глетка ги заинтригира сите во регионот.

Дали станува збор за посебни полиња за медитација или нешто друго, не е познато, пренесува Аваз.