Го знаеме како Коста од „Преспав“, а вака изгледаат неговите синови во вистинскиот живот (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Неодамна започнаа снимањата на четвртата сезона на „Преспав“ која ја освои македонската публика.Преку интересни и комични сцени ликовите прикажуваа одредена ситуација или случка.

Игор Ангелов ја играше улогата на Коста односно тој беше сопруг на Германката Ула (Тијана Дапчевиќ).

Децата го обожуваат Игор заради улогата на Цветко во ТВ серијата „5+ Фамилија“, а возрасните заради многуте одлични театарски и филмски улоги. Но, дефинитивно улогата на Коста во „Преспав“ ќе му остави голем впечаток во неговата кариера.

Игор заедно со неговото семејство односно сопругата Ева и синовите Јакови и Андон живее во Скопје, поточно во селото Бардовци.

Среќен сум што си имам свој простор и во театарот (си го најдов своето место во Драмскиот театар во Скопје и што ја работам работата што ја сакам) и во селото Бардовци, каде живеам во природа и мир со моето семејство, сопругата Ева и синовите Јаков и Андон. Тоа е нормално и природно. Она што го посакував како тинејџер сега го имам и го живеам. Нема филозофија. Едноставно ги правам работите што ги сакам. Отсекогаш сакав да обработувам земја, да имам бавча и лозје, да произведувам вино, ракија… да уживам во едноставните нешта, да бидам почесто надвор. Тоа е тоа. Можеби тоа дека актерот по автоматизам е боем е клише и јас сум надвор од тоа. Можеби тоа го правеа некои од постарата актерска генерација во државава и беа уникатни и успешни во тоа. Но, го тераа театарот и работеа и тоа што го сработеа во театарот и филмот остана како антологија. И затоа ги почитувам. Јас по природа не сум таков човек. Еве, во последниве пет години активно трчам полумаратони. Најдов убавина во тоа, затоа што ми помага и ме одмара. И од рекреативното трчање преминав на совладување полумаратони, не само кај нас, туку и во другите градови во регионов. … изави Игор за точка.мк

Игор на социјалните мрежи има споделено неколу фотографии од своите синови, еве како изгледаат Јаков и Андон.

Деновиве Игор исто така објави фотографија од неговиот син Јаков Ангелов каде што свири на еден музички инструмент, а под објавата се нижеа само позитивни коментари.

Во продлжение погледнете уште неколку фотографии од децата на Игор.

За потсетување, четврта сезона на „Преспав“ ќе започне да се емитува во декември.