Гоца Тржан: „Ме критикуваа на колку години се обидувам да останам бремена“

ИЗВОРСкопје24
|

Гоца Тржан веќе 10 години води борба за потомство. Таа во емисијата „Викенд на К1“ одлучи отворено да зборува на оваа тема.

– Многу парови ни на своите семејства не сакаат да им откријат каде одат на вонтелесно оплодување бидејќи кај нас на Балканот има еден примитивен став дека луѓето кои природно не можат да останат бремени вредат помалку како човекови сушества“, изјави Гоца.

Гоца со гледачите го сподели своето искуство од болниците.

– Во чекалните околу мене секогаш имаше луѓе. Докторите се тука да помогнат, но не се Бог. Многу е важно низ тој процес да пристапите позитивно, па дури и ако не успее, не значи дека јас и мојот сопруг сме помалку вредни како сушества. Нашата борба за потомство трае откако сме заедно“, вели Гоца.

Пејачката откри дека се работи за огромна сума на пари кога станува збор за вонтелесното оплодување.

– Едно вонтелесно оплодување чини од 3. 000 до 5. 000 евра, а лековите кои ги примате по 12 дена се околу 2. 000 евра. Тестовите се од 160 евра па нагоре. Морате да имате сериозен економски буџет, некои парови мора да земаат и кредит“, вели пејачката.