Годинава зимата подрани, во САД измерени 121 сантиметар снег

ИЗВОРСкопје24
|

Во некои делови на Соединетите Држави зимата подрани оваа година, а во Монтана е прогласена вонредна состојба бидејќи патиштата се блокирани од 121 см снег.

Речиси 48 сантиметри снег паднаа во северозападниот дел на државата Вашингтон, а снег провејува и во делови од Калифорнија, Невада, Вајоминг, Орегон и во Ајдахо.

Во некои делови од земјата се очекува да паднат уште 2,5-5 сантиметри снег, а зимските бури се во сила во Монтана, планините на северен Вашингтон и во Ајдахо.

Температурите во западна Монтана и северен Ајдахо синоќа паднале на минус 6,6 степени, пренесува „Ројтерс“.

Гувернерот на Монтана, Стив Булок, рече дека зимското невреме во септември е вистинско изненадување, но дека државата и локалната самоуправа соработуваат за да ги заштитат здравјето и безбедноста на граѓаните.

Метеорологот Џош Вајс истакна дека од 1930 година не било забележано такво невреме толку рано.