Голем гест: Цеца врати долг на Карлеуша стар две години

|

Во новата сезона на Ѕвездите на Гранд, Цеца ја замени колешката Јелена Карлеуша за кои во јавноста се знае дека се големи сопернички и поради тоа често се среќаваат на суд.

Толку поради тоа фановите на двете пејачки на социјалните мрежи се препираа во коментарите, а по овој гест на Цеца таквите коментари веројатно ќе се зголемат.

Ташната која Јелена Карлеуша и ја вети на гледачката Новка која две години оди на снимањата на „Sвездите на Гранд“ и не и ја донесе, сепак, ја купи Цеца.

Српската дива и донесе на Новка ташна од крокодилска кожа, а таа беше изненадена од гестот и се заблагодари, а потоа на шала и се обрати и на Марија Шерифовиќ, која е член на жирито.

„Маро, ти требаше да агитираш кај твојата пријателка“, рече Новка мислејќи на Карлеуша, на што доби одговор: „Пробував, се обидував.. Ама важно работата е решена“.

На дискусијата се приклучи и Ана Бекута која ја праша Цеца дали таа и вообичаено враќа туѓи долгови или само кога се во прашање ташни, на што Цеца одговори: „Зависи чии се и колкави се“.