Голем пожар во Чаир – горат дуќани, куќа и чајџилница (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Голем пожар избувнал доцна попладнево во близина на Т.Ц. Чаирчанка. Според информациите од МВР во пожарот зафатени се четири објекти, но нема повредени лица. Пожарот избувнал во 17 часот и зафатил два дуќани, сервис за велосипеди и мотори, една куќа и чајџилница.

На лице место интервенираат 8 возила на Противпожарната служба. Од МВР информираат дека истрагата ќе треба да утврди која била причината за пожарот.

Фото: Независен