Голем пожар кај Криволак – не се интервенира поради непристапен терен, се бара помош од АРМ

ИЗВОРСкопје24
|

На подрачјето на Oпштина Неготино e добиена информација за појавен пожар на полигонот Криволак.

Според информациите од РЦУК Велес, стапено е во контакт со Воениот Полигон Криволак од каде известиле дека појавен е пожар на АБХ стариот полигон на непристапен терен.

„За точното време на појавување не е познато, се смета дека најверојато во ноќните часови. Изутрината се известени од дежурниот во Полигонот“, велат од ЦУК.

Засега нема интервенција на истиот затоа што не можат да пристапат до теренот.

Тие додаваат дека за пожарот известени биле надредените во АРМ и е побарано интервенција со хелихоптер заради непристапниот терен и дека истиот е од поголем обем.

Во секој момент се очекува хеликоптер да го гасне пожарот на армискиот полигон Криволак, бидејќи станува збор за тешко пристапен терен на кој не може да интервенираат пожарникари. Ова го изјавија за МИА попладнево од Територијалната противпожарна единица од Неготино.