Голем пожар во велешко: Граѓаните алармираат за опасност и бараат помош (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Денеска е регистриран нов пожар во околината на Велес, а станува збор за селото Војница, каде, како што објави градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски, огнот се шири со голема брзина.

Стојановски на Фејсбук објави и фотографии од големиот пожар и порача дека се потребни доброволци за гаснење на пожарот.

„Нов страотен пожар во близина на село Војница. Пламените јазици се шират со голема брзина“, пишува градоначалникот Стојановски на Фејсбук.

Грѓаните алармираат на социјалните мрежи барајќи помош.