Голем празник за сите кои се викаат Елена: Ова денес треба да го направите

ИЗВОРСкопје24
|

Македонската православна црква и нејзините верници слават празник посветен на светиот император Константин и неговата мајка, царицата Елена.

Во времето кога во Рим царуваше Диоклецијан управник на западните римски области беше христољубивиот Констанциј Флор, кој во бракот со света Елена го доби синот Константин. Последниов во историјата толку се прослави, што го доби името Велики. За христијаните, пак, тој е првиот благочестив цар. Во 313 година, тој го издаде познатиот Милански едикт, со што се прекина тривековниот прогон на христијаните во Римската империја. Со него почнува една нова, христијанска ера во Римската државна историја, а тоа Константин го одбележи со пренесувањето на престолнината од древниот многубожечки Рим, во новиот град Константинопол. Свети Константин го свика и Првиот вселенски собор во 325 година, на кој црквата ја осуди ереста на Ариј. Изгради многу величествени цркви, посебно во Ерусалим.

Пред заминувањето од овој свет се крсти, а по него црквата го приброи овој цар меѓу своите светила, заедно со неговата мајка Елена.

Се верува дека овој празник е многу важен за сите жени по име Елена. На тој ден, треба да отидете во црква и да запалите свеќа за мачениците кои ги дадоа своите животи во одбрана на христијанството.

Обичајот вели дека трипати треба да се миете со света црковна вода и така ќе го исчистите вашето тело и ќе се излечите од болести.