Голема полициска акција во близина на ресторанот Кораб на влезот во Сарај

ИЗВОРСкопје24
|

Голема полициска акција во близина на ресторанот Кораб, се проверуваат автобусите број 56, пишува весникот Лајм.

Според првичните информации, станува збор за големи полициски претреси во близина на ресторанот Кораб на стариот пат Скопје – Тетово.

Сите автобуси со број 56 се стопираат и се контролираат од полицијата, но и причините за тоа сè уште не се познати!

Инаку, денеска цело попладне, централното градско подрачје е блокирано, а колони возила и автобуси создадоа сообраќаен хаос во главниот град.

Во гужвата кај МАНУ повреден бил пешак, а интервенирала и Итната помош.

Поради големиот метеж, автобусите кружат низ улиците, надвор од својата определена маршрута и не застануваат на постојките.

Од МВР велат дека има собир на здружението Тврдокорни пред паркот Жена борец, спроти Парламентот и дека состојбата со сообрќајот во главниот град не може да се крактеризира за хаос, туку за вообичаена гужва која минатата година била секојденевна, додека протестираше истото здружение.