Големи грешки на верниците кои постат: Намирници кои не се посни, а сите упорно ги јадат

ИЗВОРСкопје24
|

Познато е дека постот не е само строго воздржување од храна, туку и од лоши мисли и дела, но многу верници не сакат да дојдат до ситуеција за да се омрсат со храна, особено ако биле уверени дека во целост ќе се придржуваат на сите правила.

Денес, кога имаме шницли и гулаш од соја, растително масло, сирење и млеко на база на растителни производи, посен маргарин, посен еурокрем… постот скоро е незабележителен. И навистина, верниците кои почнуваат да проучуваат, внимателно ги члитаат малите букви на производите за да ги видат состојките, па често паѓаат во недоумица дали некоја храна е посна и дали смее да се смета за таква. Се испостави дека всушност „растителните имитации на мрсната храна“, не се посни.

Посно е единствено сирењето од соја, а повеќето други работи кои содржат казеин, протеин не се.

Ако купувате растителен ка=кавал проверете дали содржи казеин. Истото важи и за гумените и желе бонбони.

Многу пецива и тестенини имаат јајца или јајца во прав, затоа не е секоја тестенина посна. Секоја рибина паштета не е посна и важно е да се прочита декларацијата.

Добро обрнете внимание на политанките, чоколадниот прелив не е само од како, може да содржи и млеко или млеко во прав.

Свештениците советуваат дека најдобро е додека се пости да се користи свежа, необработена храна, значи овошје и зеленчук, кои сами ќе го приготвите по ваш избор.