Големото хумано срце на српскиот пејач Саша Ковачевиќ – им помага на децата од Македонија

ИЗВОРСкопје24
|

Популарниот српски пејач и регионална поп ѕвезда Саша Ковачевиќ ќе одржи хуманитарен концерт во Прилеп, за помош на две деца на кои им е потребно скапо лекување.

Ова е веројатно првпат некој музичар од регионот да организира хуманитарен концерт во Македонија. Средствата кои ќе се соберат од концертот ќе бидат наменети за две деца – Мартин Стојаноски и Дејан Најдоски.

Мартин е по потекло од струшкото село Дрслајца. Тој во тешка со*бр*ќајна н*среќа се здобил со т*шки т*лесни п*вреди поради кои сега се наоѓа во инвалидска количка. Средствата ќе бидат наменети за негово лекување во Москва, Русија. Дејан е мало момче од Прилеп со аутизам, а за подобрување на неговата состојба треба да замине на л*кување со матични клетки на клиника во Турција.

Хуманитарниот концерт на Ковачевиќ ќе се одржи на 30-ти ноември во спортската сала „Сонце – ГА” во Прилеп, со почеток од 21 часот, а влезниците ќе се продаваат по цена од 200 денари. Музичарот го најави настанот и на својата официјална страница на Фејсбук.

вистина.мк