Големо откритие на NASA: Официјално е потврдено дека на површината на Месечината е пронајдена вода

ИЗВОРСкопје24
|

NASA денеска објави ново неверојатно откритие кое може да стане историско и да промени многу работи во универзумот а тоа е дека на површината на Месечината е пронајдена вода.

Ваквото ново откритие беше направено како резултат на набљудувањата на Месечината со помош на авион опремен со телескоп кој го нарекоа SOFIA (Stratospheric Observatory for Infrared Astronomy).

„Подгответе се за возбудливо, ново откритие поврзано со Месечината“, беше пораката што NASA ја упати до јавноста во пресрет на телеконференцијата на која вселенската агенција ги подели со светот резултати од набљудувањето на Месечината со овој телескоп.

Други детали се уште нема, но од NASA порачуваат дека новото откритие оди во прилог на настојувањата на агенцијата да открие нови работи за Месечината.

SOFIA е посебно преуреден Boeing 747 што лета над 99 проценти од атмосферските облаци и чиј телескоп го набљудува инфрацрвениот спектар и може да ги забележи феномените кои поинаку е невозможно да се откријат.

За појавата на вода на Месечината се објавени две студии во магазинот Nature Astronomy.