Големо отворање на „Obuća Metro“

ИЗВОРСкопје24
|

Есента ни е на прагот, а со тоа се јавува и потребата од топли обувки кои ќе не загреат во дождливите есенски денови. Доколку се прашувате каде можете да си купите нешто квалитетно, а сепак по пристапна цена, ние го имаме одговорот!

На 30 Септември познатиот српски бренд „Obuća Metro“ конечно по долго чекање ќе биде достапен во срцето на Скопје! Ексклузивно, од денот на големото отворање, цела недела купувачите ќе можат да уживаат во големи попусти од дури -20% на целиот асортиман на производи, а исто така ќе следат и други изненадувања за сите купувачи. Затоа запишете го денот, 30 Септември во вашите календари и не пропуштајте да не посетите!

Распостранети како никогаш досега, на простор од 500м 2 , „Obuća Metro“ изобилува со најразлични брендови како: Claudia Donatelli, Salvatore Rossi, Differente, Elly Shoes и многу други. Изработени од квалитетни и внимателно одбрани материјали, обувките од „Obuća Metro“ ви гарантираат удобност и мекост при секој нов направен чекор, а покрај тоа изгледаат одлично. Модерни, шик и по мерка за секого, изобилуваме со обувки за мажи, жени или деца со стил, а покрај тоа можете да најдете и куфери за патување, голем избор на женски чанти, најразлични аксесоари и училишни ранци, токму за почетокот на училишната година.

Голем дел од моделите како и повеќе информации за самото отворање можете да погледнете на Инстаграм  и Фејсбук профилот, па се што ви останува е да не посетите на улица Никола Вапцаров (веднаш до Плоштад Македонија) и самите да се уверите во сето она што „Obuća Metro“ ексклузивно го нуди само за вас.