Горан Алачки го напушти Скопје – веста која што ја објави ги изненади сите

ИЗВОРСкопје24
|

Македонскиот хармоникаш Горан Алачки го напушти Скопје и се пресели во Берово, кој е инаку негов роден град. Она што сите ги изненади е тоа што тој ја објави веста дека дури и се кандидирал за градоначалник на Берово. Тој веќе е таму, а таму му е и личната карта.

Во Берово моментално гради културен центар, сакајќи од Берово да направи еден поинаков град во кој постојано ќе доаѓаат странски туристи, бидејќи и самиот со странците има воспоставено најдобри комуникации. Тоа е човек што зборува со своето срце за својот народ и за својата татковина, а сега тоа ќе го покаже на дело и за беровчаните.

Горан инаку е во среќна и стабилна врска со Марина Дојчиновска, познатата авторка на сега веќе култната емисија “Македониум“, а денес исто така и успешна директорка на “Хунза Веда Клуб“. Тие двајца не се срамат да си ја покажат својата вљубеност, па често објавуваат заеднички фотографии од многубројните патувања.

– Ни на сон не се надевав дека ќе ми се случи таква љубов во животот, на овие години. А таа ми дојде, не како изненадување, туку како една убава вистина.

Извор: Вечерпресс.мк