Гордо се вее македонското знаме: Дејан Георгиевски се поблиску до олимписките игри во Токио

ИЗВОРскопје24
|

Дејан Георгиевски освои сениорски златен медал за Македонија на Словенија ОПЕН Г1, турнир кој носи бодови на официјалната олимписка листа со три победи над Словенија, Србија и Италија.

Имаше три победи, сите три со прекини, технички нокаути!

Против Словенија 23:3; Против Србија 30:8; Против Италија во Финале 30:3.

Овој златен медал е чекор поблиску до учество на Летните олимписки игри во Токио или подобра стартна позиција на квалификациониот натпревар за олимписка норма на 17 Април 2020 година во Милано, Италија.

– Овој факт нè прави особено горди како федерација и ветуваме дека ќе направиме сѐ, за ова име да прерасне во олимписка светска величина – информираат од Македонската Таеквондо Федерација.

Може да кажеме дека одиме гордо према врвот на светот, македонскиот сениорски таеквондо тим во светскиот врв на овој олимписки спорт.

Инаку, Маскотите на Летните олимписки игри во Токио накратко ја напуштија Јапонија и заминаа на промотивна турнеја низ Европа. Маскотите Мираитова и Сомеити до крајот на април ќе посетат шест европски града – Барселона, Париз, Бон, Атина, Лондон и Лозана. За време на турнејата, организаторите велат дека Мираитова, кој е во сина боја, и Сомеити, чиј розов дизајн е инспириран од цветовите на црешата, ќе се обидат да ги „зголемат возбудата и ентузијазмот за Игрите“, кои почнуваат на 24 јули. На пригодното испраќање на маскотите, со видеопорака се приклучи и пејачот на американската поп-група „Бекстрит бојс“, Хјуи Дороу (46), облечен во традиционално јапонско сако во боите на Токио 2020. Групата е многу популарна во Јапонија. Подготовките за ЛОИ се во завршна фаза, во тек се завршните тест-натпреварувања пред пристигнувањето на олимпискиот факел, на 20 март.