Гори центарот за гуми „Олимпико“

ИЗВОРСкопје24
|

Попладнево околу 15 часот на Твитер е објавено видео на кое се гледа дека има пожар во центарот за гуми „Олимпико“ во Скопје. Сликите се драматични. Се гледа густ црн чад како излегува од објектот.

Очевидци велат дека пожарот настанал од искричења предизвикани од брусалка. Исто така на Твитер е објавено дека пожарот бил изгаснат, но не се знае дали тоа го направиле вработените или интервинирала пожарникарската служба.

Се очекуваат официјални информации за пожарот.