|
Гори магацински простор на комапнијата „ГМ Лајт Медијал ДОО“, во селото Дебриште, Општина Росоман.
Државниот инспекторат за животна средина објави дека на терен пристигнале возила од противпожарна бригада од Кавадарци, Росоман и Неготино со помош од противпожарна бригада од правниот субјект Еуроникел Индустри (поранешен ФЕНИ).
Пожарот е локализиран, а следат истражни дејствија за причините за избувнувањето.
Инспекторатот во соопштението наведе дека компанијата поседувала елаборат за животна средина.
Извор: Макфакс