Готови за 10 минути: Уштипци со јогурт, тиквици и сирење

ИЗВОРСкопје24
|

Брзи, вкусни, неодоливи – уштипци со јогурт, тиквици и сирење кои ќе ве освојат!

Состојки: 2 поголеми тиквици, 1/2 лажичка сол, 4 јајца, 280 гр свежо кравјо сирење, 1 лажица павлака, 1 лажица јогурт, 250 гр меко брашно, 1/2 прашок за печиво, масло за пржење
Начинот на подготовка погледнете го во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Душкина кујна“:

Во продолжение прочитајте го најдобриот рецепт за проја со сирење. Совршено се сече, сочна и мека со ситни дупчиња.

Состојки: 2 шолји пченкарно брашно, 1/2 шолја бело брашно, 3 јајца, 1,5 шолји јогурт, 1/2 шолја масло, 1,5 лажичка сол, 1 прашок за печиво, 300 гр ситно сирење
Начин на подготовка:

Разматете јајца па додајте сол, масло, јогурт. Измешајте. Измешајте брашно и прашок за печиво. Важно е да нема грутки, слободно можете да користите миксер. Потоа измешајте сирење, најдобро е да го замесите со лажица бидејќи кога ќе се испече ќе останат ситни парчиња сирење

Намастете тепсија со пречник од 30 см, и посипете ја со брашно. Ставете ја пројата и печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу 45 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“: