Готови за 10 минути а бојата сјае – Креативни велигденски јајца со лушпи од кромид и шари по нив

|

Се доближуваме до најголемиот христијански празник – Велигден, а со тоа домаќинките треба да се подготват за бојадисување на велигденските јајца и оваа година. Покрај црвените јајца кои се неизбежни, сите би сакале да имаат велигденската кошница која е полна со бои и притоа да имаат најинтересни шари од сите.

Ако сакате да имате посебни и креативни Велигденски јајца, готови за кратко време, во продолжение ви претставуваме една интересна идеја за нивно шарање. Се што треба да направите е да земете хулахопки и лушпи од кромид.

Постапката е лесна, ви требаат доколенки, лушпи од кромид и неколку тревки за шарање по нив или ливчиња. Јајцето се морки со вода да се залепат тревките или ливчињата, се лепат и се става чорапата. Се врзува убаво и јајцата се ставаат во ладна вода, па на оган да се сварат, а во водата се става малку сол и оцет за да не испукаат и лушпите. Колку повеќе лушпи, толку поинтензивна боја.

Ако не сакате шари само ставете ги јајцата во чорап со сол и оцет во водата и сварете ги со лушпите.