Граничниот премин Евзони утре ќе биде затворен

ИЗВОРСкопје24
|

Граничниот премин Евзони ќе биде 24 часа затворен за секаков вид сообраќај поради штрајк на грчките цариници.

Раководителот на смена на ПС за ГП и ГН Богородица е информиран од раководител на смена на ГП Евзони дека поради 24 часовен штрајк на грчките царински служби, Евзони ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај од 5 часот на 24.11.2020 до 5 часот на 25.11.2020 година, информира МВР.

АМСМ известува за прекин на сообраќајот и на патниот правец Г.П. Илинден – Струга, се известува дека на ден 24.11.2020 (вторник), на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – с.Врбјани, поради изведување градежни работи на пат (минирање).

Сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци помеѓу 12.00 – 15.00ч. во времетраење од 15 – 20 минути.