Град Скопје ќе ја отстрани галијата кај МЕПСО ако тоа не го направи сопственикот за 30 дена

ИЗВОРСкопје24
|

Ако за 30 дена сопственикот не ја отстрани галијата под МЕПСО, тоа ќе го направи Град Скопје, најави денес градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. Сопственик на галијата е Ниче Димовски-Македон, шура на скопскиот ексградоначалник Коце Трајановски. На прес-конференција Шилегов го потпиша решението со кое се задолжува фирмата „Фаланга Херонеа ДООЕЛ“ да ја тргне галијата, бидејќи не работела иако Град Скопје ѝ доставил решение во 2018 дека треба да почне да врши дејност.

„Оваа галија добила решение од Град Скопје во 2016 година за привремено да не врши дејност. Во 2018 година им доставивме решени дека треба да почнат со работа. Но тоа не е направено, со што се создадоа и услови за раскинување на договорот” рече Шилегов.

Галиите во Вардар се дел од проектот „Скопје 2014“. При една од многуте измени на Деталниот урбанистички план (ДУП) Мал Ринг, кога градоначалник на Општина Центар беше Владимир Тодоровиќ, во коритото беа вцртани маркички за 6 сплавови, 4 од десната страна и два од левата страна на Вардар. На јавното наддавање во Град Скопје во февурари 2012 беа продадени само две локации на фирмата „Фаланга“, кај зградата на МЕПСО и кај хотелот „Холидеј ин“. Во декември истата година, беше продадена уште една локација на фирмата „Воденица“ меѓу двата пешачки моста. Останатите локации за сплавови кои потоа прераснаа во бродови, никој не сакаше да ги купи и тие не се продадоа.

Целиот текст прочитајте го на Сакам да кажам ТУКА.