Градењето на Скопје по земјотресот – ГРАДОТ НА СОЛИДАРНОСТА

loading...

Градот Скоп­је наскоро ќе ја одбележи 55-та го­диш­ни­на од ка­та­стро­фал­ни­от зем­јо­трес. Утро­то на 26 ју­ли во 1963 го­ди­на, во 5 ча­сот и 17 ми­ну­ти, зем­јо­трес со ја­чи­на од 6,9 сте­пе­ни спо­ред Ри­хе­те­ро­ва­та ска­ла го срам­ни Скоп­је со зем­ја и го оста­ви гра­дот без си­те вр­ски со све­тот. За­ги­наа 1.070 ли­ца, по­ве­ќе од 4.000 беа по­вре­де­ни, око­лу 200.000 оста­наа без по­крив над гла­ва­та, 28.000 до­мови беа оште­те­ни и не­што по­ве­ќе од 15.000 ста­но­ви беа ур­на­ти. Пр­ви што им при­стиг­на­ле на по­мош на скоп­ја­ни би­ле вој­ни­ци­те и гра­ѓа­ни­те од по­ра­неш­ни­те ју­гос­ло­вен­ски ре­пуб­ли­ки, а вед­наш по­тоа поч­на­ле да при­стиг­ну­ва­ат по­мош и спа­су­вач­ки еки­пи од це­ли­от свет. Спо­ред то­гаш­ни­те из­ве­штаи, 87 стран­ски на­ции ис­пра­ти­ле нај­раз­лич­на по­мош за Скоп­је и по­мог­на­ле во из­град­ба­та на но­во­то Скоп­је. Од то­гаш и Скоп­је го но­си епи­те­тот „град на со­ли­дар­но­ста“.

„Секое лето, со години, Скопје има повод да се навраќа на далечната 1963 со силно чувство на морален долг кон сите што великодушно помогнаа да се надминат тагата и болката, да се надминат настанатите катастрофални последици од земјотресот. Тогаш, Скопје стана митолошки нектар на вистината за човековата хуманост, а сега е момент пак да се искаже радоста за овозможениот растеж на градот токму преку таа солидарна помош. Едноставно, се има потреба од соодветен показ на почит и благодарност кон светот, се има потреба од потсетување на постојните универзални вредности, од потсетување и чествување на солидарноста, не само како човечка особеност туку како концепт на живеење. Во име на моралната парадигма што ја носат сите скопјани се поставува прашањето: како тоа да нема ништо за паметење на моментот на солидарноста? Парк, скулптура, комплекс, каква и да е уметничка творба, урбана структура со социјална димензија…? Нешто постоеше, но го снема. Потребата е сеуште тука. Лебди во воздухот предизвикот, вели пораншената претседателка на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Даница Павловска.

Скоп­је е град кој во исто­ри­ја­та не­кол­ку па­ти бил по­го­ду­ван од сил­ни зем­јо­тре­си и поплави а во да­леч­на­та 1689 го­ди­на бил и за­па­лен од ав­стри­ски­от ге­не­рал Сил­вио Пи­ко­ло­ми­ни. Но, и по си­те чо­веч­ки и еле­мен­тар­ни не­по­го­ди, гра­дот по­втор­но                 во­скреснувал и се гра­дел. И де­нес из­град­ба­та не запира, Скоп­је про­дол­жу­ва              ин­тен­зив­но да се гра­ди и про­ши­ру­ва. Скоп­је е град со сво­ја исто­ри­ја, пре­поз­нат­ли­ви ули­ци, квар­то­ви и ма­а­ла, со об­је­кти из­гра­де­ни од ан­то­ло­ги­ски авто­ри, но и град кој осо­бе­но из­ми­на­ти­ов пер­и­од пре­тр­пе мно­гу из­ме­ни во пог­лед на ар­хи­те­кту­ра­та. Како во сите овие изминати години после земјотресот се градеше македонската архитектура? Дали градот на солидарноста ја за задржа душата на стариот град онака како што го паметат старите скопјани? – Ќе го споменам Кејот на Вардар пред да се менува, онака како што постоше, имавме еден остаток од 50-60-тите години, иако беше едно неугледно место, сепак имаше страшна поетика и душа, особено кога се менуваа годишните времиња, во периодот на есента, тие жолти лисја, дрворедот, тие сцени се доживуваа како нешто што е дадено, и се тоа се промени. И сега откако се промени особено во оваа фаза на градилиште, трајно е одземена таа атмосфера, не зборам за убавина или за естетика, туку за нешто лично, за некакво чувство. Значи треба да се има еден личен однос со градот, да нема насилство на градот, а сега за жал сме во една таква фаза на насилство, што дава резултати кои понатму ќе треба да се трпат, а ќе ги трпи градот, изјави проф. д-р Ми­нас Ба­кал­чев од Ар­хи­те­ктон­ски фа­кул­тет при УКИМ. Како се градеше Скопје? Обновата и изградбата на новото Скопје, односно развојот на модерната архитектура го карактеризираат неколку фази. Архитектот проф.д-р Михаил Токарев, во својот труд насловен како Историско-критички поглед на архитектурата, објавен лани по повод 50-годишнината од земјотресот, посочува дека првиот важен насатан во архитектурата е економска реформа во земја­та, со која привремено се забранува инвес­ти­рање во објекти од нестопанските деј­ности, односно во оние од високоградбата, што многу го стеснува прос­то­рот на архитектонското проектирање. Вториот важен настан претставува воведувањето на престижната Бор­би­на награда за архитектурата (1965), која уште повеќе го поттикнува нат­пре­варувачкиот дух меѓу архи­тек­тите во земјата. Професорот Токарев наведува дека развојот на модерната архитектура во Македонија од средината на 60-тите години е директно зависен од општествено-политичката состојба во СФРЈ, но и од економ­ски­те услови кои владеат во Републиката. Со економското зајакнување на земјата, во средината на 70-тите годи­ни започнува позасилена архитектонска активност, со што се создаваат рела­тив­но голем број разновидни квалитетни објекти и во Македонија. Третиот период во развојот на модерната архитектура во Македонија, всушност за­почнува по земјотресот од 1963 година, во кој се уништени преку 85% од стан­­бениот фонд и преку 80% од културно-историските објекти во Скоп­је. Об­новата на градот е овозможена со материјална помош од тогаш­ни­те ју­го­сло­венски републики и од странство, со што Скопје станува град на ме­ѓу­на­род­ната солидарност. Во 1965 година е прифатен новиот Генерален урба­нис­тич­ки план, изработен од домашни архитекти во соработка со Полсервис од Пол­ска, а под раководство на Адолф Циборовски. Планот содржи: три глав­ни станбени зони, ин­дус­триски и деловни зони, како и зона за масовна ак­тив­­на рекреација. Посебно внимание му е посветено на сообраќајното ре­ше­ние со издвојување на транзитниот сообраќај. Централното градско подрачје на Скопје ја до­би­ва својата физионо­ми­ја по меѓу­на­родниот конкурс за негово урбанистичко решение. На конкурсот земаат учество четири југо­словенски и четири странски тимови, посочува професорот Токарев, додавајќи дека странските тимови имале задача да одговорат на неколку барања во конкурсот: Да се добие достоинствен центар на главниот град, кој би одговорил на тра­ди­цио­налните карактеристики на градските центри во Македонија, при што истовремено да биде современ и пригоден за градски живот. Влезот во центарот од страната на новата железничка станица да се предвиди низ спе­ци­фич­на порта, оформена со повеќекатни адми­нистративни објекти. Сооб­ра­ќа­јот да биде комбиниран (моторен и пешачки) на различни нивоа. Со реше­ние­то треба да се создаде релативно изолиран (мирен) центар, но со добри врски со другите делови на градот. При сето тоа, треба да се зачува Старата чар­ши­ја, а тврдината Кале да учествува во урбаната композиција. Како ком­по­зи­цис­ка оска на ова комплексно решение, се јавува коритото на реката Вардар. За победник на овој конкурс е прогласен афирмираниот јапонски архитект Кензо Танге, кој понудил ком­пактна изградба и релативна изолираност на градскиот цен­тар.

„По пери­мета­рот на центарот е предвидено создавање на Градски ѕид оформен со пове­ќе­катни блокови. На влезот се предлага висински акцент, соз­даден од група ку­ли, кои би требало да ја оформат портата на центарот. До неа се доа­ѓа од железничката станица, која денес според проектот на Кен­зо Танге, веќе е изградена како дел од првата фаза на идниот Транспортен центар. Конкурсната идеја на Кензо Танге е разработена и доведена до фаза на реализација од страна на група македонски архитекти. Тие ја создаваат т.н. деветта варијанта на планот, во која се вградени повеќе квалитетни елементи и од останатите конкурсни решенија, а најмногу од Кензо Танге и од Едвард Равникар. Во рамките на центарот подоцна се изградени нови општествени об­јек­­ти со разно­видна намена, големина и облик, а особено со различни ар­хи­тек­­тонски изрази. Поради тоа, може да се каже дека и покрај релативно голе­ма­та дисциплина, во реализацијата на планот е испуштена мож­нос­та за ин­те­грално обликување на центарот на Скопје“, посочува професорот Токарев.

Во тој период Скопје почнува забрзано да се обновува и да се гради. Покрај општествени, во обновата на Скопје се подигнати и мно­гу го­лем број станбени објекти со кои се оформува центарот и новите квар­то­ви во градот, кој зафаќа сè поголема   по­вр­шина. Според хронолшките податоци, масовната изградба на поголеми станбени објекти започнува најпрвин во центарот на Скопје и тоа во состав на т.н. Градски ѕид, кој е идејно де­фи­ни­ран со конкурсниот проект на Кензо Танге. Но, при разработката на проектот со т.н. деветтата варијанта се отстапува од конкурсната идеја за Градски ѕид оформен со повеќекатни терасести блокови, кои се заменети со станбени кули и ламелни станбени блокови. Домашни и странските архитекти учествувале со масовната обнова и градба на новото Скопје.

„Влошената економска состојба во 90-тите години, наложува многуми­на македонски ар­хитекти, освен кон проектирањето индивидуални станбени об­­јек­ти, да се свртат кон умет­носта на внатрешното уредување, каде што за­ви­­ден ре­зултат постигнува помладата гене­ра­ција. Се уредуваат голем број раз­но­­вид­ни ентерие­ри, од мали угостителски локали, па се до внатрешноста на мно­гу значајни ре­пре­зентативни објекти. Поради тоа, не може да се вос­по­с­та­ви единствен кри­те­риум за нивно валоризирање и за релевантно спо­ре­ду­вање со запад­ноев­роп­ските примери. Сепак, за добар дел од нив може да се каже дека имаат изграден умет­нички став. Општествено-политичката транзиција во   90-тите години создава ре­чи­си сосема не­по­волни услови во градителството. Со трансформацијата на соп­стве­носта на земјиштето це­лос­но се менува претходното социјалистичко са­мо­управно планирање на просторот. Цената на градежното земјиште бележи го­лем пораст, а реализацијата на новите урбанистички планови станува сè потеш­­ка. Во процесот на приватизација се распаѓаат дотогашните големи проектантски и градежни претпријатија, а секој ден се регистрираат нови по­ма­ли фирми, кои се занимаваат со инженеринг“, пишува професорот Токарев.

 

Македонската архитектура во втората половина на 90-тите години доживува мала архитектонска експлозија. Се проектираат и започнуваат да се градат голем број разновидни објекти, а пре­ку проектите одново заживува истра­жу­ва­ње­то на нови можности во архи­тек­турата, кои според својот архитектонски израз се движат од неоре­гио­на­лизам до реинтерпретација на пионерските движења на модерната. Но подоцна но­ви­те об­јекти ги пре­натру­пу­ваат старите градски квартови, чија            инфра­струк­­ту­ра има ограничени можности. На таков начин, настанува еден нов вид    ур­бан хаос, посочува професрот Токарев, што често предизвикува граѓанско незадоволство и немири. Како нај­не­гативен пример од таа област во последната деценија на ХХ век се наведува Дебар Маало. Последниве неколку години, Скопје се преоблече во сосема ново руво-барокно. Со владиниот Проект Скопје 2014 фасадите на општествените и на дел од станбените објекти добија нови фасади во неокласицистички стил. Централното градско подрачје се надополни и со низа споменици. Овој архитектонски стил сеуште трае, а нови барокни фасади ќе добијат и дел од оние објекти изградени од познати реномирани автори, како на пример Градскиот трговски центар.

 

 

(Кристина Петрова)