Градежните работи за зацврстување на Нотр-Дам завршија, почнува реставрацијата

ИЗВОРСкопје24
|

Катедралата Нотр-Дам две години по пожарот конечно се опорави, со тоа што работите за зајакнување на самата катедрама завршија, па сега ќе може да почне реставрацијата на катедралата, изјавија официјалните претставници.

Кратко по пожарот во април 2019 година, претседателот Емануел Макрон рече дека катедралата што датира од 12 век, ќе биде целосно обновена и подоцна вети дека ќе ја отвори за верниците до 2024 година, кога Франција ќе биде домаќин на Олимпијадата.

Последната фаза на зајакнување на структурата вклучува зајакнување на сводовите со џиновски дрвени заоблени рамки, соопшти државната агенција која ги предводи работите, додавајќи дека работите се одвиваат во согласност со планот за отворање на Макрон.

Претходниот дизајн на катедралата ќе биде обновен, вклучувајќи кула од 96 метри, дизајнирана од архитектот Јуџин Виолет-ле-Дук во средината на 1800-тите години и за која било избрано ново дрво. Работата за реставрацијата треба да започне во месеците по тендерот за избор на компании. Пред тоа, овој месец ќе започне процесот на чистење на внатрешните sидови и подот на катедралата, соопштила денеска агенцијата.

Пожарот во катедралата Нотр-Дам предизвика шок во Франција и во целиот свет. Расплаканите Французи и зачудените туристи гледаа во неверување како пеколен оган ја зафати катедралата, која е карактеристика на самиот центар на Париз и главен христијански верски објект на Франција.