„Градски паркинг“ – Скопје од утре со летно работно време

ИЗВОРСкопје24
|

ВАжна информација за сите возачи во Скопје! Внимавајте каде и кога паркирате во главниот град, затоа што од утре започнува летното сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Скопје.

Додека до сега работното време беше до 22 часот, а подоцна паркингот беше бесплатен, сега работното време во зоните А, Б, Ц и Д, како што соопшти претпријатието, ќе биде од понеделник до сабота од 7 до 23 часот.