Граѓани бараат да се забрани пушење во затворени простории

ИЗВОРТВ Алфа
|

Да се врати забраната за пушење во затворени простории. Граѓани со онлајн петиција бараат да се врати стариот Закон. Од минута во минута расте бројот на оние кои даваат поддршка.

– Да се врати законот против пушење во затворен простор во функција, доста е труење од туѓите лоши навики, доста е усмрдување на облека, коса и тело од чадови! Се работи за вашето и нашето здравје! Се работи за здравјето на нашите деца, пишува во петицијата, чија бројка постојано расте.

– Страшно е да се пуши внатре. Мора да се смени законот и ние кои не сме пушачи да можеме да уживаме во затворен простор, а не да мрзнеме надвор. Многу ми пречат цигарите, мора да се направи нешто по кафаниве, но и во игротеките, зашто луѓето пушат каде ќе им текне.

И додека граѓаните бараат да се стави крај на пушење во затворени простории, се пуши речиси секаде, по кафани, дискотеки, кафулиња, па дури и во детски игротеки. Особено во помалите градови прописите не се почуваат, а контроли и казни нема.

Со измените на Законот за заштита од пушењето се дозволи пушење и на целосно затворените тераси, бавчи и платформи надвор од угостителските објекти, што уште пред две години беше критикувано од јавноста. Во последен период ни ова не се почитува, а што е пострашно – никој не одговарал кривично.

Во 2018 година, пратениците во Собранието ги изгласаа измените на Законот за заштита од пушењето, со кој се избриша ставот кој го дефинира просторот за пушење надвор од угостителските објекти, по што беше дозволено да се пали цигара на тераси, независно дали се затворени или отворени.

Izvor: alfa.mk