Граѓаните не се пријавуваат во Агенцијата за вработување затоа не очекуваат дека ќе најдат работа

ИЗВОРСкопје24
|

Голем број граѓани имаат недовеба во Агенцијата за вработување, не се пријавуваат како невработени, поради што ограничен им е пристапот до мерките за вработување. Ова го покажа истражувањето на неколку невладини организции во 4 града низ државата финансирано од ЕУ. Во Битола во текот на 2019 година направени се 201 интервју со невработени, 59 проценти не се пријавуваат во Агенцијата, а само 18 од оние што се пријавуваат се информирани за мерките и услугите на Агенцијата.

Граѓаните не се заинтересирани да се регистрираат, а најчето се изјавуваат дека Агенцијата не им нашла работа, не веруваат дека понатаму ќе им најде и тоа им е губење време, посебно сега кога не се врзани со Фондот здравство. Од тој период кога се одделеија Фондот со Агенцијата, граѓаните немаат желба да се регистрираат како баратели на работа, рече Маја Ангеловска, МКЦ-Битола.
Сосотојбата е иста и на државно ниво. Од вкупно 812 интервјуирани граѓани, 55 проценти не се пријавуваат во Агенцијата, а само 16 проценти од пријавените знаат дека имаат право за користење некаква мерка или услуга.

Граѓаните кои не се вклучени во системот на Агенцијата за вработување имаат и ограничен пристап до сите мерки и услуги што ги нуди, не се информирани, ниту можат активно да партиципираа на пазарот на труд, рече Дарко Антиќ, од здружение ЕСЕ.

На презентацијата на резултатите од истражувањето присуствуваа од битолската Агенција за вработување, но не секаа да коментираат. Невладините, пак, со препорака- Агенцијата да работи со граѓаните на терен, да ги подобри услугите, да воведе нови мерки, вработените да бидат непосредни и срдечни за да се врати довербата во оваа институција, Емилија Мисирлиевска.

телма.мк