Земјотрес повторно ја стресе Грција синоќа

|

Земјотрес со интензитет од 4,4 степени според Рихтер ја погоди синоќа Грција.

Според ЕМСЦ, потресот е во близина на Атина, 80 километри северозападно од Перистери и 23 километри северно од Неа Артаки, на длабочина од 2 километри.

Како што пренесуваат грчките медиуми, луѓе во пан ика излегле на улиците. Сеизмолозите велат дека се работи за вообичаена активност и дека нема опа сност од нови потреси.

Во последно време земјотресите во Грција зачестија, а земјотрес со помала магнитуда имаше и минатата недела.