Граѓаните се збунети – Како најсигурно да ја преминете македонско – грчката граница?

ИЗВОРСкопје24
|

Соседна Грција веќе ги отвори вратите за македонските граѓани, но за влез постојат низа услови кои мора да ги исполните. Граѓаните се збунети по информациите кои беа пренесени овие денови, па на многумина не им е јасно како треба точно да постапат. Ако се обидете од денес за утре да го пополните формуларот може да се случи да добиете инфо дека бројот на дозвоелни влезови е пополнет и нема да можете да го добиете назад овој документ. Значи нема да можете дa патувате.

Со тест за антитела не се влегува во соседна Грција. И покрај најавите на премиерот и надлежните министерства, сепак, Грците не пропуштаат патници без ПЦР тест или комплетна имунизација.

Иако Министерството за надворешни работи на Македонија во соопштение информираше дека границата ќе може да се минува и со потврда за антитела граѓани од лице место изјавиле за Сител дека вчера се обиделе да поминат на Евзони со вакви извештаи за антитела од лиценцирани лаборатории но биле вратени назад.

За патување во Грција задолжително е да пополните и формулар кој може да го најдете на веб сајтот на грчката Влада. https://travel.gov.gr/#/

Едно семејство пополнува еден формулар за сите членови. И пишува дека треба да се пополни ден пред патувањето. И во самиот формулар ќе забележите дека има можност за влез само со примени дози и ПЦР тест. Кога ќе ја завршите процедурата на имејл ќе добиете потврда со код за скенирање. Испринтајте ја или зачувајте ја на мобилниот телефон како слика за да не се случи да останете без интернет.

Но и со пополнувањето на формуларот има нејаснотија. Ако се обидете од денес за утре да пополните може да се случи да добиете инфо дека бројот на дозвоелни влезови е пополнет и нема да можете да го добиете назад овој документ. Иако наводно нема ограничување за бројот на влезови, сепак Грците не пропуштаат повеќе од 400 влезови на ден. За тоа најдобро е патувањата да си ги закажувате една недела претходно. На граница се врши тестирање со брз тест по случаен избор. Ако ве изберат мора да се тестирате. Ако сте позитивни ќе бидете сместени во еден од хотелите за изолација на трошок на грчката Влада.

Границата работи само до 7 до 22 часот по македонско време. Во Грција се уште е на сила полициски час кој почнува половина час по полноќ. Правилата за носење маски се исти како и во Македонија. Овие правила важат до 24 мај односно до крајот на идниот продолжен викенд. По него, неофицијално се најавува дека Грција дополнително ќе ги релаксира мерките што би можело да значи подигнување на границата за задолжително тестирање на деца од 5 на 10 години и можноста да биде прифатен серолошкиот тест за антитела.