Граѓаните со петиција: „Не“ за бетонски чудовишта спроти „Холидеј ин“

ИЗВОРТелма
|

Додека надлежните молчат – граѓаните со петиција на социјалните мрежи собираат потписи да се спречи изградбата на висококатниците на паркингот пред Холидеј Ин. За кратко се собрани над 3.000 потписи од граѓани кои кажаа „не“ на како што велат бетонските чудовишта кои треба да никнат на простор од над 80.000 метри квадратни. Велат тие ќе го заробат последниот слободен простор во срцето на градот.

„НАШЕТО БАРАЊЕ Е ДА СЕ ЗНАЕ ШТО ЌЕ СЕ ГРАДИ ТАМУ. СЕГА ЗНАЕМЕ ДЕКА ЌЕ ИМА ТРИ ЗГРАДИ ОД ПО 20 КАТА И ЕДНОСТВАНО ВЛАСТИТЕ СЕ ПРОГЛАСУВААТ ЗА НЕМОЌНИ И ЗА НЕНАДЛЕЖНИ. А ЗНАЕТЕ КАКО КОГА НЕКОЈ СЕ ПРОГЛАСУВА ЗА НЕНАДЛЕЖЕН ТОА ЗНАЧИ ДЕКА НЕ Е ОДГОВОРЕН ЗА СОПСТВЕНАТА РАБОТА. СЕКОГАШ ИМА НАЧИН, НО ТОЈ МОРА ДА СЕ НАЈДЕ ДОКОЛКУ СЕ САКА. ЗА ЖАЛ ОВА СО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ И СО МАРКИЦАТА ЗА ХОЛИДЕЈ ИН УКАЖУВА ДЕКА НЕМА ВОЛЈА ДА СЕ РЕШИ ОВА ПРАШАЊЕ. И ДА НЕ ЗАБОРАВИМЕ ТАМУ ИМА УШТЕ ДВЕ ОГРОМНИ ЛОКАЦИИ КАДЕ СЕ УШТЕ СЕ НАЦРТАНИ 60 КАТНИЦИ“- ЖАНЕТА ТРАЈКОСКА, ИСТИТУТ ЗА КОМУНИКАЦИСКИ СТУДИИ.

И додека граѓаните се мобилизираат – молк и од надлежните институции и од инвеститорите. Никој не го открива идејното решение на проектот. За градоначалникот на Центар Богдановиќ, добра вест е што нема да се градат шеесткатници како што беше првично планирано, туку параметрите биле намалени.

ПО ТОА ШТО БЕШЕ ПРЕДАДЕНО ОД СТРАНА НА ИНВЕСТИТОРОТ, СТАНУВА ЗБОР ЗА МНОГУ НАМАЛЕНА ПОВРШИНА, НЕКАДЕ НАД 55% НАМАЛЕНО ОД ТОА ШТО СЕ ПРЕДВИДУВА ВО СТАРИОТ ПЛАН. АКО ПРЕТХОДНО ОКОЛУ 200 ИЛЈАДИ МЕТРИ КВАДРАТНИ БЕА ПРЕДВИДЕНИ КАКО ПОВРШИНА ЗА ГРАДЕЊЕ, СЕГА Е ПРЕДАДЕН ПРОЕКТ ОДНОСНО ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ СО ОТПРИЛИКА 88-89 ИЛЈАДИ КВАДРАТИ. ЗАДОВОЛЕН МОЖАМ ДА БИДАМ САМО ВО ТОЈ ДЕЛ ДЕКА МАКСИМАЛНО ЌЕ ДАДЕМЕ СÈ ОД СЕБЕ ЗА ДА БИДАТ ЗАПАЗЕНИ ОДРЕДЕНИ ПАРАМЕТРИ КОИШТО ПРЕТХОДНО ГИ ВГРАДУВАВМЕ ВО ПЛАНОВИТЕ. САКАВ ДА УСПЕЕ ЦЕЛАТА ПРИКАЗНА И ДО КРАЈ ДА СЕ ИСТЕРА СО МОРАТОРИУМОТ, ДА СЕ РЕВИДИРААТ ПЛАНОВИТЕ, НО УСТАВНИОТ СУД Е НЕШТО ШТО Е НАЈВИСОКО ВО СУДСКАТА ВЛАСТ“ ВО ИЗЈАВА ЗА ТЕЛМА САША БОГДАНОВИЌ, ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ЦЕНТАР.

„Телма“ го побара творецот на идејното решение, архитектот Мартин Пановски. Вели не може да даде информација за идејното решение. Најави дека инвеститорот на прес конференција за неколку денови ќе ги обелодени деталите.

Од МПЦ ни рекоа дека тие не се сопственици туку плацот кој го дадоа на Мг Фешн во замена за 2.000 метри квадратни станбен и уште толку деловен простор е на тетовско- гостиварската и кумановско-осоговската епархија. Од таму пак ништо не знаат – велат тие работи ги води инвеститорот.

Инаку откако Уставниот суд го укина мораториумот за градење, фирмата „Обновители“ , на инвеститорите МГ Фешн и МПЦ, веќе уплатиле околу 2,4 милиони евра за комуналии. Тие се на чекор пред добивање на градежната дозвола од Општина Центар – со ќе може да почне изградбата вискокатниците спроти Холидеј Ин.

Александра Филиповска