Пејачот Петар Грашо (48) летово има многу напорен распоред и бројни концерти кои се појавија откако беа одложени поради корона вирусот, а неодамна ја доби и ќерката Алба со сопругата Хана Хуљиќ (31).
Музичарот сега откри како се снашол во улогата на татко. – Поминуваме помалку време заедно отколку што би сакал бидејќи оваа сезона е навистина преполна со концерти кои беа договорени минатата година и беа преместени за ова лето. Токму затоа ми се уште поскапоцени моментите со семејството. Среќен сум што сум благословен со улогата на родител – изјави Петар за Story и откри дека неговата сопруга не е навикната на медиумското внимание кое го добива во последно време.
-И Хана порасна во семејство кое е под лупата на медиумите, а по природа е повлечена личност. Интересот на медиумите за нашата врска е сè уште огромен, но ние се трудиме колку што можеме да не се вклучиме во неа и да живееме што подалеку од таблоидите – додаде Грашо. Петар во интервју откри како поминала првата средба со неговата ќерка и како без проблем патувал од Комижа до Сплит и назад во Дубровник.