Грција воведува нови мерки – Солун оди во мини карантин

ИЗВОРСкопје24
|

Северниот дел на Грција, односно Солун, Лариса и Родоли од утрово се во највисока фаза на ширење на заразата па затоа влегуваат во мини карантин. Грчкиот премиер Мицотакис денеска ќе соопшти кои нови рестриктивни мерки ќе важат овде.

Освен полицискиот час од 00.30 до пет часот, се затвораат кафулињата, рестораните, кино салите, театрите, судовите, археолошките локалитети и музеите, фитнес центрите, се прекинуваат спортските тимски активности, дозволено е само индивидуално спортување, а отворени ќе бидат продавниците, фризерските салони и училиштата.

Во изминатите денови во Солун беше регистриран зголемен број нови случаи а според заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас има 1.955 случаи и 4.399 блиски контакти кои што се во домашна изолација, а просечната возраст на случаите е 35,5 години.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска ќе соопшти, нови мерки, односно како што вчера рече „нов акционен план во траење од еден месец“.

Намерата на грчката Влада е да се избегне целосен карантин, како оној во март и април, а едно од сценаријата е полицискиот час да се воведе неколку часа порано, во 21 или 22 часот наместо во 00.30 во регионите што се во портокалова и црвена фаза.