Грците предупредуваат да не се оди на оваа плажа, но туристите ризикуваат се

loading...

И покрај бројните предупредувања, туристите и натаму ја посетуваат „забранетата“ Црвена плажа на Санторини.

Седат, се сончаат, пливаат како да нема опасност од лизгање на земјиштето, а не им пречи ни земјата што се расфрлана низ плажата како резултат на претходните лизгања на земјиштето.

Во грчките медиуми одамна се зборува за целосна забрана на одењето на оваа плажа, а темата беше актуализирана по трагичните пожари во Мати.

За жал, голем број туристи ги игнорираат таблите и бројните предупредувања и сè уште уживаат на оваа плажа, така што останува надежта дека властите и физички ќе го забранат пристапот.

За сите кои решија ова лето да го поминат на плажите во Грција и да уживаат во водата, плажите и сонцето, ова се цените на производите таму, според пишувањето на Грчкаинфо.ком.

Лебот се движи до 1 евро и 20, додека млекото од евро до 2.50.

Литар масло е од 1.6 до 1.9 евра, додека тестенините се евро до две, а јогуртот од 2-4 евра.

Фета сирењето е околу 5 евра.

Кашкавалот се движи од 3 до 4 евра, саламата од 7 до 16 во зависност од производот.

Мајонез е 3-4 евра, сенф 1-2, додека кечап 2-4 евра.

Цените на гирото се од 2 до 4 евра, сувлаки од 2 до 2.50, пица од 5 до 12.

Рибата во зависност од висот е од 6 до 60 евра.

Пивото е 3 – 4 50 евра, а коктелите од 7 до 10 евра.

Флаширана вода е од 0.50 до 1 евро.

Секако цената варира од место на место, но во просек е слична секаде.

Во продолжение ви ги даваме цените на овошјето и зеленчукот кои се движат во моментов:

Зеленчук:

Домати: 1,50 -2,00 Евра за килограм

Пиперки: 2,00 Евра за килограм

Краставици: 1,20 – 1,50 Евра за килограм

Кромид: 0,50 – 1,00 Евра за килограм

Компири: 0,50 – 1,30 Евра за килограм

Овошје:

Лубеница: 1,20 -1,50 Евра за килограм

Цреши: 3,00 -3,50 Евра за килограм

Круши: 2,00 -2,50 Евра за килограм

Јаболка: 1,00 -2,50 Евра за килограм

Банана: 1,00 -1,50 Евра за килограм

Грозје: 3,00 – 4,00 Евра за килограм

Ова се дополнителни работи на кои морате да внимавате доколку патувате во Грција периодов, во грчките градови со античко наследство казниво е ако со себе понесете камења. Било кој фатен во Грција како носи камења може да заврши во полициска станица се додека не стигне дежурниот археолог кој ќе пресуди дали предметот има археолошка вредност.

Исто така за купување на производи без фискална сметка во Грција може да ве казнат и до 200 евра.

Во Грција туристите кои донесат пијалок на базен на кој се наоѓа мини бар се казнуваат со износ од 80 до 15 евра, додека туристичката инспекција сопствениците или ресторанот ќе казнува и со 1000 евра бидејќи овој прекршок се третира како да не издале фискална сметка.

Грците инаку се многу либерални кон туристите, но казнуваат кога возилото се паркира непрописно насред пешачка зона. Од друга страна, газдите на апартмани не сакаат кога климата која ја користат тие кои не ја платиле.

Од таа причина гостите може да го откажат сместувањето иако е платено-велат од туристичките агенции.