|
Украински воен емигрант доби 500.000 евра на грепка на белгиската лотарија, соопшти националната лотарија на Белгија.
Среќниот добитник е на возраст од 17 до 24 години и последните 12 месеци живее и работи во Брисел, пренесува „Ројтерс“.
Минатиот месец тој купил картичка за пет евра на една бензинска пумпа која, по успешното гребење, ја помножил за 100.000 пати.
Идентитетот на добитник ќе остане непознат, што е случај со сите добитници на белгиската лотарија,
Добитникот на лотарија во Белгија е ослободен од данок. Ланската година се случи куриозитет, кога 165 луѓе од мало белгиско село освоија вкупно 142.897.164 милиони евра.