Греми на балкански начин: Вечерва во „Штарк“ арената се доделуваат наградите МАC 2020

ИЗВОРскопје24
|

На церемонијата ќе бидат доделени награди за придонес во музичката индустрија на регионално ниво во сите музички правци.

Музичкиот спектакл, MAC 2020, вечерва ќе се одржи во „Штарк“ арената, а за атмосферата на ова регионално доделување на музичките признанија да биде на највисоко ниво, ќе се погрижат најпрепознатливите ТВ-лица од регионот.

На церемонијата ќе бидат доделени награди за придонес во музичката индустрија на регионално ниво во сите музички правци.

На црвениот тепих ќе прошетаат повеќе од 400 познати лица од шест земји учеснички: Србија, Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Словенија.

„MAC е единствено признание кое, освен што го покрива целиот регион, го носи искрениот вкус на публиката, без плеткање на професионалците или критичарите. Искрената лакмусова хартија на она што го сака публиката без какви било филтери“, вели Николина Пишек, која ќе биде една од водителките.

Преносот на манифестацијата почнува во 21 часот, а домаќини на вечерта ќе бидат Тамара Тодевска, Галеб Никачевиќ и Ана Радишиќ.

Тамара Тодевска вели дека е мошне среќна што ќе биде дел од MAC: „Тоа е ноќ во која ја славиме музиката, различноста и што е најважно – неверојатниот талент на нашите регионални музички уметници.“

Извор: slobodenpecat.mk