Грешка која сите ја правиме во кујната: Зошто никогаш не треба да ставате ручек директно во алуминиумска фолија?

|

Кога имаме остатоци од ручек и сакаме да ги зачуваме за подоцна, обично бараме парче алуминиумска фолија низ куќата. Ја оставаме вака покриената храна на собна температура.

Ова обично го правиме за да спречиме собирање муви на храната или да ја одржуваме топла.

Сепак, ова е многу лошо и штетно решение.

Кога свежо зготвената или загреаната храна ја покриваме со алуминиумска фолија, која најчесто ја купуваме за оваа намена, им дозволуваме на бакт ериите во храната побрзо да се развијат.

Бак териите сакаат повисоките температури, под кои тие полесно преживуваат, а потоа се размножуваат побрзо, што доведува до побрзо расипување на храната.

Наместо тоа, најдобро би било храната да ја ставите во сад со соодветна големина, задолжително со капак.

Храната треба веднаш да се чува во фрижидер, а не да се остава на собна температура, бидејќи е и доста поволна за бактерии.

Само така ќе бидеме сто проценти сигурни дека храната нема да се расипе.