ХАОС: Центарот во Скопје дочека да биде блокиран и по 19.00 часот

ИЗВОРСкопје24
|

Центарот на Скопје е блокиран, иако е веќе доцна попладне, а надлежните служби немаат намера да го расчистат метежот кој го коментираат нервозни учесници во сообраќајот.

Станува збор за голем застој на булеварите „Димитрија Чуповски“ кај Рекорд и „Св. Кирил и Методиј“ кај Рамстор.

Засега нема официјално известување од службите на што се должи блокираниот сообраќај и неможноста истиот да се расчисти.

Дел од Општина Центар утре без вода

Корисниците од улиците „9 Мај“, „Петар Поп Арсов“, „Роза Луксембург“, „Диме Аницин“, „Борка Талевски“ и „Христо Смирненски“ во Општина Центар утре од 9:00 часот ќе останат без вода за пиење.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е отстранување на уличен дефект на цевка со профил од 80 милиметри на улицата „9 Мај“ бр.17.

Корисниците ќе бидат без вода се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ не го отстранат дефектот.